Сунак: Премиерот Џонсон останува во болница, но се чувствува добро

Премиерот на Велика Британија и понатаму останува на интензивна нега. Неговата состојба се подобрува, може да седи на кревет, изјави министерот за финансии, Риши Сунак.

„Најновите информации се дека премиерот останува на интензивна нега во болница, а неговата состојба се подобрува“, рекол Сунак, пренесе „Ројтерс“.

„Можам и да ви кажам дека седеше на кревет и дека соработува со медицинкиот тим“, додал тој.

Претходно, портпаролот на Џонсон рече дека тој реагира добро на терапијата која ја прима во болницата Сент Томас и додал дека е добро расположен.

Џонсон на 27 март објави дека има коронавирус и дека имал благи симтоми. Пред два дена тој беше пренесен во болница.

Треба да знаете
Последни објави