САД: Нема извоз на медицински производи ако на државата и се потребни

САД ќе ги конфискуваат американските медицински производи  за извоз се додека не се утврди дали на земјата и се потребни за време на борбата против коронавирусот, соопштија две федерални агенции.

Според соопштение од Царинската и граничната контрола на САД и Федералната агенција за управување со вонредни состојби, државата ќе го прекине извозот на респиратори, маски и хируршки ракавици.

Федералната агенција за управување со вонредни состојби е одговорна да процени дали наведената опрема е неопходна во САД, дали американската Влада е приоритетен купувач или стоката може да се извезува.

Минатиот петок, претседателот Трамп издаде упатство со кое бара федералните служби да ги преземат сите неопходни мерки и да ја задржат медицинската опрема доколку е потребно за американските корисници.

Треба да знаете
Последни објави