Поранешниот прв човек на италјанскиот фудбалски калчолигаш Интер, Масимо Морати одново се јави во јавноста со најава дека во Милано наскоро може да пристигне еден од најдобрите фудбалери на денешницата, капитенот на Барселона, Лионел Меси. Аргентинецот Меси со Барселона има договор до 2021 година.
– Интер може да го купи Меси, нема сомнежи во тоа. Има доволно финансиски средства, има желба и амбиции. Актуелниот претседател на Интер е човек кој размислува само за големи нешта и знам дека ќе успее во своите цели – вели Морати.
Ваквата трансфер-бомба е се позастапена и во шпански и во аргентински медиуми, кои сметаат дека преселбата на Меси во Интер не е само сон, туку реалност која наскоро може да се реализира.