Здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон се подобрува, соопшти Би Би Си.
Џонсон (55) беше хоспитализиран во болницата „Свети Томас” во неделата навечер по повеќедневна зголема телесна температура и кашлица, како последица на Ковид-19. Во понеделникот беше преместен на Одделот за интензивна нега, каде добил кислород.
– Работите, за него, одат на подобро, изјави денеска британскиот министер за култура Оливер Довден. Тој дополни дека Џонсон седи во болничкиот кревет и комуницира со медицинскиот персонал.