Компанијата „Фуџифилм“ најави дека ќе започне со клиничко тестирање на антивиротикот „авиган“ во САД за лекување на пациенти со „Ковид-19“, објави јапонската агенција Кјодо.
Лекот што го разви компанијата „Фуџифилм“ од Јапонија кој се користи за лекување на грип, е ефикасен во лекувањето на Ковид-19, покажуваат извештаите од Кина.
Компанијата соопшти дека клиничките испитувања во САД ќе бидат спроведени на околу 50 пациенти и тоа во соработка со неколку болници и универзитети во оваа земја.
Клиничкото тестирање на лекот „авиган“ за лекување на „Ковид-19“ започна во Јапонија минатата недела. Доколку лекот се покаже безбеден и ефикасен, јапонската влада би можела да ја одобри неговата употреба за лекување на респираторни заболувања предизвикани од коронавирус во текот на летото.
Лекот „авиган“, познат како „фавипивавир“, не треба да го користат бремени жени или жени што планираат бременост, бидејќи се претпоставува дека предизвикува деформитети на плодот.