Шведскиот фудбалски интеранционалец Златан Ибрахимовиќ заминал од Милан и почнал да тренира во клубот Хамарби, каде има и дел од сопствеништвото.
Хамарби објави дека 38 годишниот Ибрахимовиќ тренирал со тој клуб во текот на пандемијата со коронавирусот, бидејќи Шведска и покрај тоа што секако е дел од засегнатите земји со Ковид-19, нема многу рестрикции.
Спортскиот директор на Хамарби, Јеспер Јансон потврди дека Ибрахимовиќ, кој инаку има 25% од сопствеништвото во клубот, бил дел од тренажниот процес кој се одвива зад затворени врати.
-Златан дојде во својот дом во Стокхолм со своето семејство, посака да ја допре топката, имавме некои мини-тренинзи, но од понеделник повторно се враќаме, а со нас ќе тренира и Златан – наведе Јансон.