Денеска сум во посета на Струмичкиот регион затоа што до мене стигаат безброј замолници и укажувања да се биде помеѓу земјоделците бидејќи како имаме еден сериозен проблем со пласманот на пролетната зелка. Она што сакам да го кажам е дека во услови на една светска пандемија и најголемите светски маркети во европските држави се со празни полици, ние се соочуваме со пласманот на зелката. И од она што можам да го видам овде на терен посетувајќи ги неколкуте откупни пункови во Куклеш и овде во Пипереово, општина Василево, гледам дека цената е многу ниска. Наместо празни прес конференции треба навистина македонскиот земјоделец оној којшто треба да ја прехрани нацијата, треба да се помогне во оваа ситуација затоа што не е време ниту за политика ниту за политиканство, едноставно треба да се носат правилни мерки.
Она што сакам да го посочам од тука е да укажам дека треба навистина на земјоделците коишто нареднава година ќе биде исклучително тешка, со оглед на мерките коишто се превземаат за заштита од коронавирусот, сакам да предложам сите заостанати субвенции од изминатава 2019 година да бидат исплатени за земјоделците, се со цел да имаат прилив на средства со коишто ќе можат да ја одржат и оваа производна 2020 година.
Тука сакам да ја предложам мерката три денари за предадена „куртова капија“ во преработувачките капацитети коишто нормално во овој дел од Македонија највеќе се произведува.
Втората работа е тоа што сакам да апелирам до владата, да ги искористи сите меѓународни контакти за да се обезбеди пласман за пролетнава зелка, затоа што не тој начин ќе помогнеме и на откупувачите и ќе помогнеме и на земјоделците да го пласираат овој производ. Исто така сакам да укажам дека инспекциските служби треба да бидат на терен постојано. За жал денеска во мојава посета не сретнав ниту еден инспектор. Тие инспекциски служби треба да го спорведуваат законот во пракса, тоа ќе значи дека оние откупувачи коишто ќе работат согласно процедурите, прописите и законите ќе можат да работат. Меѓутоа како што бев сведок и неколку од порталите коишто објавија минатата неделала, имаше откупувачи коишто не ги почитуваат оние договорени цени, па ја рушат цената и на останатите купувачи.
Така да со овие сет на мерки треба да се овозможи да македонскиот земјоделец има прилив и да го пласира својот производ, затоа што ние како македонска држава на овој вреден земјоделец треба да создадеме услови за да тој може да произведува во оваа тешка година. Со ваквиот однос којшто во моментов го имаме од страна на Владата, мислам дека не се помага доволно.
Јас сите овие предлози коишто ви ги соопштив, ќе ги доставиме во писмена форма до Владата, исто како што беше и вчерашната моја прес конференција каде што барав непродуктивните трошења, односно ставки програмата за финансиската подршка за руралниот развој да се пренаменат за исплата на субвенции за претходни години.За мене е несвојствено во светска пандемија, во тешка економска криза да се предвидуваат милион евра за саемски манифестации, да се предвидат милион евра за прскање на облаците против природни непогоди. Се е тоа добро, меѓутоа временскиот период не е добар, тие пари побарав да се пренаменат во исплата на субвенции затоа што само така земјоделците ќе можат да купат и репроматеријали и нормално да ја произведат цела производна 2020 година.
Она што уште еднаш сакам да го кажам е дека навистина е очајна ситуацијата во Македонија, и навистина треба да им се помогне на овие луѓе.