ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност за буџетската дупка и за лажните ветувања ќе има

Соопштение до јавноста- реакција на соопштението на СДСМ

„Македонската економија е клекната на колена, а буџетскиот дефицит од ден во ден е се поголем.

Празните соопштенија на СДСМ нема да им помогнат, граѓаните ја согледаа нивната неспособност.

Причината за ваквата катастрофална економска состојба во која што се наоѓа Република Македонија е неспособноста, неодговорноста и расипничкото трошење на власта.

Резултатот на тригодишното делување на криминалната банда на чело со аболицираниот Заев е денешната економска состојба, во која економијата за која тој тврдеше пред само два месеци дека блеска сега да колабира пред првата препрека, односно кризата поврзана со светската пандемија на корона вирусот.

За ова СДСМ ќе одговара пред граѓаните и пред името на правдата.

Одговорност за буџетската дупка и за лажните ветувања ќе има.“

Треба да знаете
Последни објави