И покрај тоа што цела Европа е во строг карантин, Шведска е сè уште единствената европска земја во која животот, повеќе или помалку, тече како порано.
Бројот на заразени е 9.141, а 793 лица починале.
Рестораните, кафулињата и трговските центри се отворени, училиштата работат до петто одделение и не се преземаат строги мерки, јавува Си-ен-ен. Владата се потпира речиси исклучиво на индивидуалната одговорност на граѓаните, како што коментира Доналд Трамп.
„Постојат различни начини за борба против коронавирусот и Шведска одбра тактика на стадо. Таа земја многу страда“, рече американскиот претседател.
И покрај бројните критики, Шведска не се откажува. Некои мерки станаа построги, како што се собирање на максимум 50 лица и затворање старски домови за посети, но тоа е речиси сè што треба да прават сите Швеѓани. Сите други мерки се препорачуваат, а бидејќи Швеѓаните имаат високо ниво на доверба во власта и она што го сугерираат надлежните, луѓето на власт веруваат дека тоа ќе биде доволно.
„Господин Трамп греши. Не сакаме да воспоставиме карантин и засега шведскиот здравствен систем е фантастичен во справувањето со кризата и дава одлични резултати, како и секогаш”, рече шведскиот епидемиолог Андерс Тегнел.