Вучиќ: Србија ќе произведува нешто налик на хлорокин

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе започне со производство на нешто што наликува на хлорокин.

– За еден месец ќе имаме 50.000 кутии, што е доволно за Србија, рече Вучиќ.

Во меѓувреме, српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ рече дека земјата се наоѓа во тешка седмица и дека бројот на болни и мртви ќе се зголеми до Велигден.

– По Велигден, прогнозата е дека бројот на пациенти ќе почне да опаѓа, а потоа ќе имаме пад до крајот на април, вели Тидоровиќ.

Тој изјави дека е потребна железна дисциплина во моментов, а она што граѓаните можат да го обезбедат како свој придонес е да се придржуваат до сите предложени мерки.

– Овие 14 дена да бидеме дисциплинирани, да сфатиме дека ова не е прашање на демократија, туку е прашање на цивилизација. Ако го следиме тоа што се случува околу нас, потребно е да се сфати дека го избегнавме италијанското сценарио, имаме српско, вели Тидоровиќ.

Треба да знаете
Последни објави