Исполнета последната желба- политичар погребан во својот омилен Мерцедес Е-500

Починатиот лидер на јужноафриканската политичка партија Обединето демократско движење, Чекеде Буфтон Пицо, како последна желба посакал да биде закопан во неговиот омилен Мерцедес.

Политичарот и починал минатата недела одејќи кон својот Е-500 – еден од многуте луксузни Мерцедеси што ги поседувал, но западнал во финансиски проблеми, па морал да ги продаде.

Последниот Е-500 го купил на старо. Не бил во возна состојба, но според неговата ќерка Сефора Лецвака, Пицо уживал само да седи внатре и да слуша музика.

– Никогаш не сме имале вакво барање и процес беше тежок и стресен, изјави Табисо Мантутле – директор на погребалното претпријатие кое, сепак, успеа да го пикне целиот автомобил под земја.

Неговото семејство му ја исполнило последната желба. А, на погребот на инаку прилично популарниот политичар, веројатно и поради пандемијата на коронавирусот, се појавиле мал број луѓе.

Треба да знаете
Последни објави