Со цел за поефикасно справување со последиците врз економијата предизвикани од глобалната пандемија од коронавирусот започна реализацијата на големиот владин пакет, првични економски мерки, во вредност од 200 милиони евра.
Се бориме за спас на секое работно место, за секој работник. Се бориме да обезбедиме приход за секој човек.
Првите бескаматни кредити од Развојната банка, се веќе одобрени за 136 компании со 1.737 вработени.
Како одговор на големиот интерес за оваа мерка, Развојната банка обезбеди дополнителни 8 милиони евра коишто им се ставени на располагање на микро, малите и на средните претпријатија.
Државата создаде услови за фирмите, и во оваа прилика сакаме да апелираме, да покажат одговорност и солидарност, преку користење на мерките за поддршка и да ги задржат сите вработени.
Со усвоените мерки коишто веќе се усвоени, државата спасува 250.000 работни места и помага на над 35.000 фирми.
Мерките ќе помогнат сите фирми погодени од кризата, поточно секој работник да добие од државата добива по 14.500 денари, плата за месеците април и мај.
Со измените на Уредбата за оваа мерка се трга условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката
Бројот на вработени треба да се задржи 2 месеци по користење на мерката односно до јули 2020 година/
Оваа мерка значи поддршка и за занаетчиите, самостојните дејности, спортските работници, уметниците..
На фирмите, како поддршка, им се нуди и опција да изберат помош за покривање на 50 отсто од трошоците за придонеси за секој вработен.
Во изминатите две и пол години создадовме систем кој функционира и е во служба на Вас – граѓаните и на Вашите интереси. Од -1,8%, економијата порасна на +3,6% и оваа економска криза државата ја дочекува на нозе.
Продолжуваме заедно со Вас, со стопанството да создаваме мерки и политики за еднаква помош за сите. За нас, секој е важен!