Австриската полиција парично ќе казнува на лице место за непочитување на мерките

– Австриската полиција од денеска ќе ги казнува сите лица кои не ги почитуваат мерките на Владата за борба против коронавирусот.

Кој не носи маска што ги покрива носот и устата на места каде што е задолжително, како што се продавници и јавен превоз, ќе треба да плати казна од 25 евра.
За сите други прекршоци, предвидена е глоба од 50 евра.

Досега полицијата само поднесуваше обвиненија против прекршителите на мерките, како што е непридржување доволно растојание од најмалку еден метар до други лица или собир на повеќе луѓе, а надлежните органи потоа ги испраќаа казните на домашна адреса.

Новата регулатива и дозволува на полицијата да врши контрола во јавниот превоз и во продавниците и да ги казни прекршителите на лице место. 

Треба да знаете
Последни објави