– Земјите од Централноевропскиот трговски договор (ЦЕФТА) го одобрија списокот на основни производи на кои треба да се даде приоритет кога станува збор за прекуграничниот транспорт, со цел да се обезбеди соодветно снабдување во услови на кризата со Ковид-19.
Станува збор за храна и медицинска опрема што во иднина ќе имаат приоритет при таканаречените „зелени коридори”, воспоставени заради поефикасен транспорт и побрзо преминување на границите за сите стоки.
„Зелените коридори” подразбираат забрзана правна и здравствена процедура на одредени гранични премини што ќе бидат отворени за превоз на стока 24 часа седум дена во неделата.
Најавата на пристигнувањето на стоката на граничните премини ќе се врши преку Електронскиот систем за размена на податоци помеѓу царинските администрации во рамките на ЦЕФТА.
Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел информира дека концептот „зелени коридори” ќе започне да се применува од 13 април.