Прегазени четворица малолетници во с.Банско, загина четиригодишно дете

На 10.04.2020 околу 14.10 часот пред здравствена амбуланта во с.Банско, струмичко, М.Н.(25) од с.Банско, управувајќи патничко возило „застава”, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во четири малолетни лица, на 4, 9, 14 и 17 години, сите од с.Банско, а потоа во електричен столб. По незгодата возачот и пешаците биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, при што кај четиригодишникот од лекар била констатирана смрт, а со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот пешак. Кај возачот и другите двајца малолетници се констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица.

Треба да знаете
Последни објави