Во моделот се внесени податоци до 8 април 2020 година и за 9 април моделот предвидува вкупно 669 заразени, додека според реалните податоци, тој број изнесува 663 Пишува: проф. д-р Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ Појавата на вирусот Ковид-19 (SARS-CoV-2) и неговото ширење надвор од Кина иницира воведување интервенции/мерки во многу држави, па и во Македонија, од невидени размери, вклучувајќи изолација на поединци, затворање на училишта и универзитети, забрана за масовни собири и/или јавни настани, а од неодамна и социјално дистанцирање, имплементирано преку воведување карантин на локално и/или на национално ниво. Сите овие мерки се именуваат со едно име: нефармацевтски интервенции/мерки. Проф. д-р Љупчо Коцарев
Воведувањето на мерките, од друга страна, многу често е поткрепено со математички модели. Моделите широко се користат за да се донесат одлуки околу контролата на ширењето на Ковид-19. На пример, наметнатите мерки за социјално дистанцирање во Велика Британија се припишуваат на предвидените исходи на епидемијата Ковид-19 засновани врз математички модел изработен, калибриран и тестиран од истражувачката група на професорот Фергусон (NeilFerguson) од Империјал колеџот во Лондон. Првично, во Велика Британија немаше воопшто никакви мерки за социјална изолација, освен за повозрасната популација, и се планираше населението да стекне колективен имунитет. Работите се променија брзо по излегувањето на извештајот објавен на 16 март 2020 година потпишан од Фергусон и неговата група, кој предвиде дека без драстични интервенции, повеќе од половина милион Британци и повеќе од 2 милиона Американци ќе умрат од Ковид-19. Во адресирањето на епидемија од глобални размери, каква што е, несомнено, пандемијата на Ковид-19, вирус за кој се проценува дека има споредлива смртност со грипот H1N1 во 1918 година, можни се две стратегии.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.