Кјаер сака да остане во Милан

 Дефанзивецот на Милан, Симон Кјаер, кој е изнајмен од Севилја, зборуваше за неговата желба да остане во италијанскиот клуб.

– Сонувам да останам во Милано, па кога ќе дојде време, ќе разговараме за тоа со клубот. Треба да сторам сè што е можно повеќе за да ги убедам да направат вистински избор. Јас сè уште работам да останам во Милано, иако не играме. Се обидувам да се подобрам не само физички, туку и ментално. Тренерот Пиоли веднаш всади доверба во мене. Тој зборуваше многу со мене, прашувајќи како најдобро да ме искористи на теренот, изјави Кјаер.

Оваа сезона, 31-годишниот Данец има одиграно 13 натпревари на сите турнири. До зимата 2020 година, Кјаер настапуваше за Аталанта.

Треба да знаете
Последни објави