Лекувањето со крвна плазма не им помага на сите пациенти

Поради коронавирусот е прогласена пандемија на земјината топка, целиот свет живее со нови правила на однесувања и низа ограничувања. Неизвесноста до кога ќе потрае ова лудило дополнително им создава и психолоши притисок на луѓето. Едно од можните решенија во справувањето со коронавирусот е лекувањето на луѓето со крвна плазма од пациенти кои ја победиле оваа болест.

Во Србија каде е отпочнат третман со крвна плазма, здравствените стручњаци предупредуваат дека станува збор за помошен метод во справувањето со вирусот и дека тој нема ефикасно да делува на секој поединец. Лечењето со антителата е едно од најстарите методи во модерната медицина.

-Пациентите кои се излекувани од некој вирус во својот организам имаат антитела кои се врзуваат за ќелиите на вирусот и ги блокираат да се шират. меѓутоа треба да се има во предвид дека станува збор на дополнителен метод кој нема да им помогне на сите. Тоа пред се зависи од тоа во која фаза е болеста. кај лицата со полесна клиничка слика организмот сам ќе се избори да создаде свои антитела. Крвната плазма ќе треба да им се дава на лицата ко имаат ризикот да ги зафати тешка клиничка слика е голем – вели д-р Срѓа Јанковиќ.

Затоа внимателната селекција на пациентите е многу значајна и во одредувањето на пациентите на кои со овој метод може да им се спаси животот, доколку другите терапии не им се доволни да се изборат да ја победат болеста. Овој метод сепак не е трајно решение во битката со коронавирусот.

 

Треба да знаете
Последни објави