Научниците не ја исклучуваат можноста пандемијата да може да тргне по патот на самоуништувањето, кога бројот на излечени пациенти ќе почне пoвеќекратно да го надминува бројот на новозаболени пациенти.
Коронавирусот е осуден на пропаст, а крајот на светот нема да дојде, пандемијата коронавирус можеби ќе заврши сама по себе уште пред да се појави првата ефикасна вакцина, изјавила докторката на биолошки науки и професорка во Универзитетот за системска биологија, Анча Баранова.
Баранова живее во САД – епицентарот на пандемијата, а неодамна ја напишала и книгата „Вирус корона. Упатство за преживување“, во која ја опишала историјата на настанувањето на коронавирусот и дала проценка кога светската наука ќе биде во состојба да ја преброди оваа болест…
Преземено од usb.mk