Бен Афлек и Ана де Армас ја поминаа велигденската недела во прошетка откако неговиот турнир во покер собра 2 милиони американски долари за непрофитната организација за храна „Фидинг Америка“ (Feeding America).
Двократниот добитник на „Оскар“ и неговата нова девојка со која моментално е во самоизолација среде пандемија на Ковид-19, во неделата решија да се прошетаат со нивните две кучиња, во близина на домот на Афлек во Пацифичките палисади, Лос Анџелес.
Познатиот актер (47) е во врска со 16 години помладата кубанска убавица која ја играше неговата неверна сопруга во еротскиот трилер „Длабока вода“.
Де Армас, која што беше номинирана за наградата „Златен глобус“, на велигденската прошетка носи бел комбинезон и соодветни патики.
Ниту Бен ниту Ана не носеа ракавици за еднократна употреба или маски за лице како што препорача Центарот за контрола на болести на 3 април, пишува британски „Дејли мејл“.