Седум полицајци се сериозно повредени во Индија за време на полицискиот час кој е воведен во земјата поради коронавирусот.
На еден полицаец му е отсечена раката, а другите шестмина се здобиле со сериозни повреди кога биле нападнати од граѓаните кои не сакале да се вратат во своите домови.
Ужасниот напад се случил во северниот дел на Пенџаб кога полицијата запрела возило полно со мажи што се обидувале да го поминат полициски пункт.
Кога првиот полицаец се приближил до возилото и побарал од возачот дозвола за движење, наместо документот, возачот го извадил мечот и му ја отсекол шепата на полицаецот. Потоа, тој тешко ги ранил преостанатите шест полицајци кои се обиделе да му помогнат на својот колега.
„Нашите припадници не беа вооружени. Каков ѕвер мора да биде за да осакати невооружено лице“, рече командирот Амариндер Синг.
Тој ја извести јавноста дека полицаецот бил опериран и дека лекарите успеале да му ја пришијат раката.
„Операцијата траеше осум часа и се надеваме дека нашиот колега може повторно да ја користи својата рака. Благодарност до лекарите за трудот, тие му го спасија животот“, рече Синг
Набргу по нападот, полицијата ги пронајде напаѓачите и приведе седуммина мажи. Во тек е обемна истрага, пренесува „Си-ен-ен“



