Франција сака без борба да ја елиминира Македонија од ракометниот мундијал

Ракометната федерација на Франција најави дека нема да им дозволи на двете свои репрезентации, машката и женската, да играат бараж натпреварите за пласман големи натпреварувња. Причина е како што наведуваат не сакаат да го ризикува здравјето на своите ракометари и ракометарки во време на пандемија од коронавирусот кој го тресе целиот свет.

Машката репрезентација на Франција во баражот кој треба да се игра на почетокот од јуни за пласман на СП 2021 во Египет треба да ги одмери силите со Македонија. Франција не сака ниту поместување на баражот со Македонија за во септември или октомври, туку инсистира патникот на СП во Египет да биде одреден според пласманот од последното ЕП-2020. „Триколорите“ завршија како 14. а Македонија на 15. место. Предлогот на Французите со кој се елиминира Македонија без борба е пласман на завршницата од СП во Египет да обезбедат најдобрите 14. репрезентации од Европското првенство.

 

Треба да знаете
Последни објави