Еко-активисти фрлија супа од домати на сликата „Сончогледи” на Ван Гог, вредна 87,5 милиони евра

Активистите на еко-групата Just Stop Oil истурија супа од домати врз „Сончогледи”, ремек-делото на Ван Гог во Националната галерија во Лондон.

Демонстрантите фрлија две конзерви супа од домати „Хајнц” на делото насликано во 1888 година, чија вредност се проценува на 87,5 милиони евра.

„Што е повредно, уметноста или животот? Дали е поважно од храната? Од правдата? Дали повеќе се грижите за заштита на сликата или нашата планета и луѓето?”, велат активистите.

Обезбедувањето потоа ги изведе сите посетители надвор и ја затвори галеријата.

Од Националната галерија потврдија дека сликата била покриена со заштитно стакло и останала во добра состојба, а дека само рамката претрпела помали оштетувања.

Треба да знаете
Последни објави