Апликацијата StopKorona достапна на мобилен

Апликацијата StopKorona од денеска е достапна на сите телефони, соопшти министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски.

Тој апелираше до сите граѓани што побрзо да ја симнат апликацијата за да дадеме придонес во стопирањето на ширењето на корона вирус.

– Со неа помагаме на здравствените работници, но и на епидемиолозите. Одговорно тврдиме дека таа ги штити личните податоци. таа не користи податоци за граѓанинот, нема име и презиме на оние кои ја користат. Ако се најдат два мобилни телефони во близина, единствено се активира кодот, а нему му е потребен само бројот на мобилниот, рече Манчевски.

Податоците ги собира сервер во здравствениот систем и никој нема пристап до нив.

На корисниците на андроид телефони при вклучување на блутут, ќе им биде побарана локација, но не користи лични податоци.

Апликацијата од вчера може да се најде на GoogleApp, а веќе, без најава ја симнале повеќе од 5.000 граѓани.

-Ние сме во фаза во која го очекуваме пикот на заразата. Оваа апликација значително ќе ја олесни работата на прашалникот од анкетата, со која луѓе кои се сретнале со заразени од корона вирусот беа ставани во самоизолација. Оваа состојба нема да заврши сега. Целта е да се амортизира ударот, за да можат пациентите да бидат примени во болница. Оваа состојба може да трае се до почетокот на наредната година кога би се стекнал колективен имунитет. Овие нови алатки, нови методи не ставаат како една од ретките земји во Европа. Значајно ќе се олесни работата на епидемиолозите и полесно ќе се откријат контактите кои се остварени несвесно, рече министерот за здравство Венко Филипче.

ТУКА може да ја преземете апликацијата доколку сте корисник на андроид.

ТУКА може да ја преземете доколку користите iOS.

Треба да знаете
Последни објави