Никој не веруваше затоа што режимот остави хаос, но јавното здравство покажа како може да функционира

Катастрофален здравствен систем, неефикасни здравствени услуги, понижени лекари, инертност на медицинските служби и уште многу други недостатоци беа наследени од децениското режимско владеење на ВМРО ДПМНЕ. Најголемиот удар врз здравството беше нанесен со тоа што многумина лекари и медицински персонал замина да работи во приватните клиники или надвор од државата. Па така, ВМРО ДПМНЕ го остави јавното здравство и без кадар.
\Можеби ваквата лоша слика за системот кој го штити здравјето и животот на граѓаните беше причина јавноста да се посомнева во ефикасноста на владата и на министерството за здравство, со неверување дека нешто можело да се промени во изминатите две и пол до три години. Но, реалноста и фактите,но и бројките покажуваат дека здравствениот систем сепак напреднал, дека сепак е систем на кој може да му се верува. Ако ништо друго, резултатите кои се постигнуваат во заштитата од корона вирусот и справувањето со невидливата закана, потврдуваат дека јавното здравство функционира.
Во изминатите три години Владата и Министерството за здравство во континуитет ги подобруваа условите за работа на лекарите и на помошниот персонал. А тоа значи дека им се зголемија платите за лекарите специјалисти за околу 40 отсто, па сега има плати кои изнесуваат и до 100.000 денари. На медицинските сестри им се зголемени платите за 20 отсто. Три пати е зголемена сумата за исплата на дежурства. Со ова практично се подобрува квалитетот на животот на медицинските работници, но од друга страна ги прави поодговорни и поефикасни во извршувањето на своите обврски, што се покажа и периодов, во време на Ковид 19.
Со ваквото енормно зголемување на платите, Владата успеа да создаде полојален медицински кадар, попосветен на професијата, но и да спречи нови одливи на лекарите и медицинските сестри.
Понатаму, во изминатите две години не прекинаа и другите активности за подобрување на целокупниот здравствен систем. Постојано се опремуваат клиниките, болниците, здравствените домови и итната медицинска служба. Дел од опремата се обезбедуваше преку донации, а за друг дел инвестираше државата. Се зголеми позитивната листа на лекови, а пациентите можат сега да купуваат лекови во текот на целиот месец, а не како што беше пракса само првите неколку дена во месецот.
И додека ВМРО ДПМНЕ упорно продолжува да најде причина да го критикува министерот, да му измислува афери за наводен криминал, но и да го оцрнува целиот здравствен систем, Владата и другите институции не се откажуваат од намерата ефикасно и навремено да се справат со вирусот, а потоа и со економската криза.
Во поглед на здравствената криза, јавното здравје манифестираше исклучителна координација и ефикасност. За многу кратко време беа вклучени сите надлежни институции, се формираа кризни штабови, се вклучија сите експерти и медицински познавачи, едноставно навремено и точно се знаеше што се прави и која е целта. Најголемиот подвиг беше да се изгради мобилна болница до Инфективната клиника, која беше изградена само за неколку дена, а потоа и целосно, адекватно опремена.
Навремено беа обезбедени средства за заштита при работа на медицинските лица. Се формираа стручни тимови, се направи соодветен распоред на ангажмани и сето тоа покажува дека системот функционира. Се создадоа поголем број карантини, во хотели низ државата, за што се издвојуваат пари од државната каса, но и за тие граѓани кои завршија таму се неопходни ресурси од здравствениот систем.
Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб заседаваат секојдневно и посветено ја следат состојбата, но и дефинираат препораки за заштита на нашето здравје. Со еден збор, целиот капацитет на здравствениот систем е вложен во борбата против корона вирусот, иако паралелно со тоа јавното здравство дава услуги и на сите други пациенти на кои им е неопходна лекарска помош, а нема врска со Ковид 19. И сето тоа функционира.
Треба да знаете
Последни објави