Руски вирусолог: Ковид-19 нема да има поопасни мутации

Коронавирусот SARS-CoV-2 постојано се менува, но нема да има опасни мутации, изјави докторот по биолошки науки и шеф на лабораторијата за екологија и вируси при Научно-истражувачкиот центар за фундаментална и транслациона медицина на Русија, Кирил Шаршов, пренесува „Спутник“.

„Секој вирус има геном. Тој постојано се менува, па дури и без влијание на наворешните фактори мутациите се развиваат ретко, но со константна брзина. Надворешните фактори можат да влијаат на брзината и на својствата на мутациите. За да не дојде до еволутивен ќорсокак, на висурот му е потребна ниска смртност, па неговите мутации не би требало да станат поопасни за човекот,“ објасни тој во интервју за РТ.

Според Шаршов, Ковид-19 може да стане сезонски вирус, а на почетокот од летото че престане да се шири, но повторно ќе се појави во поумерена форма во октомври или во ноември.

„Стратегијата на вирусот го тера со време да ја намали вирулентноста. Тоа е покажано кај повеќето актуелни вируси. Високиот стеоен на смртност е еволуциски ќорсокак за вирусот,“ вели тој.

Во Русија вкупно се потврдени 15.770 случаи на Ковид-19, излечени се речиси 1.300 луѓе, а под надзор се околу 150.000.

Треба да знаете
Последни објави