Во Грција регистриран 31 нов случај на Ковид-19, почина уште едно лице

На 2.145 се зголеми бројот на лица заразени со Ковид-19 во Грција, откако денеска беше соопштен 31 нов случај, додека пак во изминатите 24 часа почина уште едно лице, односно во земјата има вкупно 99 жртви од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што беше соопштено на денешната прес конференција во Министерството за здравство на Грција, во грчките болници, хоспитализирани се 73 лица кои што се приклучени на апарати.

Досега во Грција се анализирани 43417 примероци.

 

 

Треба да знаете
Последни објави