Откако починаа над 1.000 луѓе, Турција го враќа полицискиот час

Турција следниот викенд ќе го врати полицискиот час во поголемите градови како дел од мерките за борба против ширењето на коронавирусот.

Минатиот викенд, полицискиот час траеше од полноќ во петокот до полноќ во неделата.

Оваа мерка важеше за 31 град, вклучувајќи го и Истанбул.

Бидејќи одлуката да се наметне полициски час е донесена само два часа пред да започне да важи, луѓето се упатиле кон продавниците, предизвикувајќи мешаница.

Бројот на заразени е зголемен за 4.093 во последните 24 часа и дека починале уште 98 луѓе.

Министерот за здравство Фахретин Коца,вели дека сега во Турција има вкупно 1.296 смртни случаи од почетокот на пандемијата и 61.049 заразени.

Се излечиле нешто помалку од четири илјади лица.

Треба да знаете
Последни објави