Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш до 30 јуни го одложи испраќањето и ротациите во 13-те мисии на ОН ширум светот за да се спречи ширењето на коронавирусот.
ОН имаат околу 85.000 припадници во мировните мисии во Африка, Азија, Европа и на Блискиот Исток, потсетуваат американските медиуми.
Шефот на одсекот на ОН за мировни мисии Жан-Пјер Лакроа изјави дека Обединетите нации „не сакаат да бидат дел од проблемот”.
-На ниту еден начин не сакаме да придонесуваме за ширењето на вирусот, истака Лакроа.
Претставникот на ОН, Атуи Каре, изјави дека меѓу припадниците на ОН во мировните мисии ширум светот досега се регистрирани само 12 случаи на коронавирус, додавајќи дека сите заболени се лекуваат во земјите во кои служат во мисијата на светската органзиација.