Во Демократска Република Конго денеска е регистриран нов, трет случај на ебола. Светската здравствена организација соопшти дека кај седумгодишно девојче се појавиле симптоми на ебола, откако тоа посетила здравствен центар, исто како и двете други лица, кај кои претходно беше дијагностоцирана болеста.
По повеќе од седум недели без нов случај на ебола, ДР Конго во недела требаше да прогласи крај на втората епидемија в земјата. Меѓутоа, во петокот беше потврден нов случај на ебола во источниот град Бени и сега сите опции остануваат отворени.