Медицинска сестра ја опиша борбата со коронавирусот на Оддел за интензивна нега во САД за да порача да ја сфатиме пандемијата сериозно.
Александра Масијас сподели фотографија на која ги покажува раните на лицето од заштитната опрема, но најболните рани се наоѓаат во нејзината душа и веројатно никогаш нема да заздрават. Во брутално искрен текст, таа раскажа со што се соочува секој ден. Еве го нејзиниот текст:
Немам објавено ништо ново со денови, бидејќи не можам да најдам што позитивно да ви кажам. Со денови се обидувам да си ја променам перспективата и да бидам зрак светлина во ова мрачно време, но не успевам.
Никогаш досега не сум видела нешто слично на ова, никогаш не сум се грижела за некој кој е толку многу здрав, но истовремено и смртно болен. Со денови работам на импровизиран оддел за интензивна нега, бидејќи нема други сестри кои ќе работат на овој оддел. Нема доволно персонал и покрај тоа што секојдневно се вработуваат нови лица. Нема доволно искусен персонал (бидејќи кој човек на Земјата има искуство за ова ниво на влошено здравје?!), нема доволно опрема. Не можам ниту да добројам колку пати имам слушнато: „Можевме да пробаме да го направиме ова ама го немаме тоа“. Јас не сум сестра која работи на интензивна нега, но ретко некој од нас тука има работено на интензивна…
Преземено од femina.mk