Внатрепартиските избори на германската ЦДУ одложени за декември

Владејачката германска Христијанско демократска унија (ЦДУ) веројатно ќе ги одложи внатрепартиските избори поради епидемијата на коронавирус, соопшти денеска претседателката на таа партија Анагрет Крамп-Каренбауер.

Партијата веќе го откажа вонредниот конгрес планиран за април, а германската ДПА го пренесе предвидувањето на Крамп-Каренбауер дека одлуката за нов претседател на партијата најверојатно нема да се донесе пред редовниот конгрес во декември.

.Новиот претседател претседател на партијата ќе има можност да се кандидира за канцелар на следните сојузни избори откако Ангела меркел се откажа од борбата за петти мандат на чело на Германија.

Главен кандидат за нов челник на партијата се поранешниот ривал на Меркел – Фридрих Мерц, кој е популарен меѓу десничарите и Армин Лашет, премиер на Северна Рајна Вестфалија. Експертот за надворешна политика Норберт Рентген се смета за аутсајдер. 

Треба да знаете
Последни објави