Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го коментирше вчерашниот инцидент во Сингелиќ во кој стотина граѓани протестираа поради приведување на три лица поради рекршување на полицискиот час.
-Нашиот став е дека ниеден функционер без разлика дали е советник на СДСМ или на друга политичка партија не треба да биде над законот секој треба да го почитува полицискиот час, а почитувајќи го полицискиот час да не го доведува во ризик здравјето на граѓаните кое што е наше заедничко добро и цел. И апелираме до СДСМ да им укаже на своите советници во Гази Баба да го почитуваат полицискиот час бидејќи тоа е државна владина одлука која што сите ние ја почитуваме, рече Милошоски.