Ричард Бренсон, сопственик на авиокомпанијата „Вирџинија Атлантик“, се обидува да ја убеди британската влада да му одобри 500 милиони фунти финансиска помош за да ја преживее пандемијата на коронавирусот и економскиот пад во секторот транспорт.
Барањето го испратил од приватен остров на Карибите, каде што живее во последните 14 години. Освен на британската влада, истото барање, но на износ од 700 милиони фунти, го упатил и до австралиската влада. Тој бил поддржан од газдите на „Ербас“, кои прават млазни мотори за неговите авиони.
Тие ги предупредија британските министри дека неуспехот на компанијата на Бренсон може да ги повлече и нив.
Поранешниот британски канцелар Џон Мекдонели вели дека е неприфатливо ваквите „богати милијардери“ да го „музат“ системот во време на национална криза.