Обвинение за скопјанец кој преку Фејсбук се заканувал дека ќе го убие Заев, може да добие пет години затвор

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот С.Р.(34), во периодот од 29 до 31 март, искористувајќи исти прилики и други слични околности, преку својот профил на Фејсбук објавил слики на високи претставници на Владата и лидер на политичка партија, проследени со закани дека ќе изврши кривично дело- убиство за кое е пропишана казна затвор од над пет години.

 

Треба да знаете
Последни објави