Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот има 1.934.977 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 120.438 луѓе, а оздравеле 456.841.

– Возачите на автобуси во Велика Британија стравуваат за своите животи откако одреден број нивни колеги починаа од Ковид-19, соопшти денеска претставникот на синдикатот за патнички превоз Боби Мортон. – Слушам страшни работи секој час, секој ден. Тие седат во автобуси и секој ден работат со готовина, што значи дека секоја секунда виросот може да се пренесе на нив, изјави Мортон за Би Би Си. Градоначалникот на Лондон Садик Кан вчера соопшти дека 21 возач во Лондон починале од вирусот, од кои 15 се возачи на патнички автобуси.

– Бројот на излекувани лица од коронавирус во Санкт петерсбур се зголеми на 163, соопшти денеска регионалниот оперативен штаб и додаде дека бројот на илзекувани се зголемил за 85 во изминатите 24 часа.

– Европската унија ги повика црногорските власти да го изнајдат вистинскиот баланс меѓу почитување на слобода на изразување и пропорционално постапување кога се обидуваат да избегнат ширење паника и лажни вести. „Слободата на изразување е фундаментална вредност на ЕУ и круциален елемент во процесот на пристапување на Црна Гора кон ЕУ”, се наведува во соопштението од портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро, јави РТЦГ.

– Благодарејќи на дисциплината, издржливоста и единството, Австрија денеска може да почне постепено олабавување на рестриктивните мерки, воведени поради епидемијата на коронавирус, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тој оцени дека земјата се наоѓа на добар курс, поради што се отворени помалите продавници. сепак, Курц предупреди дека и натаму остануваат во сила мерките кои бараат од граѓаните држење физичка дистанца, носење маски и излегување од дома само поради купување, посета на лекар, на работа или за помош на други лица.

– Канцеларијата за национална статистика на Велика Британија соопшти дека 6.235 лица во Англија и Велс починале од 3 април досега од Ковид-19.

– Лондонскиот аеродром Хитрои, еден од најпрометните во Европа, предвидува дека бројот на патици во април ќе се намали за над 90 отсто, бидејќи огромен број луѓе не можат да патуваат поради ограничувањето на слободата на движење. Преостанатите 10 проценти, или околу 680.000 луѓе се Британци кои се враќаат од странство или странски државјани кои заминуваат во своите матични држави.

– Хрватскиот микробиолог Гордан Лауц, врз основа на податоци објавени во списанието Њу Ингланд џурнал оф медицин, тврди дека голем дел од популацијата нема ни да знае дека имала коронавирус.

– Во изминатите 24 часа во Романија почина уште едно лице од Ковид-19, со што смртниот биланс во земјата се зголеми на 332.

– Полскиот министер за здравство Лукаш Жумовски изјави дека таа земја од недела, 19 април ќе почне со олеснување на рестриктивните мерки. Први, најверојатно, ќе бидат отворени продавниците. Од четврок, во Полска ќе бидат задолжителни заштитни маски за лице при излегување од дома. Владата размислува и за укинување на забраната за посета на шуми и национални паркови. До синоќа, во Полска се регистрирани 6.934 случаи на заразени со коронавирус и 245 починати.

– Русија денеска информираше за 2.774 новозаразени со коронавирус во еден ден, со што вкупниот број во земјата се искачи на 21.102. Состојбата во Москва е најдраматична, каде е најголемото жариште на епидемијата во таа земја, па руската престолнина се соочува со недостиг на болнички легла.

– Во пакистанскиот град Карачи, полицијата запечати населби каде има голем ризик за ширење на епидемијата и ги блокираше сите влезови и излези од градот со помош на бродски контејнери, јави Би Би Си.

Треба да знаете
Последни објави