Лаборант од Детска клиника заразен со коронавирус

Лаборант од Детската клинка во Скопје е позитивен на коронавирус, велат за „А1он“ извори од Клиниката. За него се дознало утрово кога екипа на епидемиолози дошле да направат анкета за контактите што ги имал.

Заразениот лаборант редовно доаѓал на работа и стравуваат дека има многу заразени ако се земе предвид периодот на инкубација од 14 дена пред да му се појават симптомите. Велат дека се исплашени и вработените и пациентите.
Од Детската клиника не потврдуваат туку најавуваат дека за два часа ќе има прес конференција.

Треба да знаете
Последни објави