Маж од Вишеград, Босна и Херцеговина, заврши во изолација под сомнение дека е заразен со коронавирус, откако пијан упаднал во карантинот, објави локалната полиција.
Бизарниот инцидент се случил веднаш по полноќ, за време на полицискиот час во земјата.
Речиси секоја вечер, полицијата открива десетици лица кои ја кршат забрана за движење, но А.Г., под дејство на алкохол влегол во карантинска населба за да се сретне со познаник со цел да се дружат.
Тој ќе биде во 14-дневна изолација, но ќе заврши и со кривична пријава, соопшти полицијата.
Сите општини во БиХ имаат одредено специфични места за карантин за луѓето кои доаѓаат од странство и за оние кои ги кршат мерките.
До вторник, 1.080 заразени и 39 смртни случаи на ковид-19 беа потврдени во земјата.