Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (14/15.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 44 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 31 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 110 лица им се издадени решенија за изолација, а 129 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.