Началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Марк Мили, денеска изјави дека неодамнешните тестирања на ракети од среден дострел, што ги изврши Северна Кореја, не претставуваат особена закана за САД.
-Не мислиме дека тоа што се случи е особено провокативно и заканувачки за над, тоа можеби е поврзано со некои прослави во Северна Кореја, рече Мили, додавајќи дека не мисли дека станува збор за „намерна провокација кон САД”.
Генералот истакна дека истреланите проектили не биле особено големи, пренесоа британските медиуми.
Северна Кореја од својот источен брег вчера лансираше неколку проектили за кои има сомневања дека се крстосувачки ракети од мал дострел.