Основното јавно обвинителство Скопје денеска со Основниот кривичен суд Скопје поднесе 18 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 19 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час се движеле на различни локации во градот.
Надлежните јавни обвинители за обвинетите предложија да биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.