Премиерот Спасовски за Велигден дома во Куманово

Коронавирусот ги спречи дружењата за Велиден. Вонредната состојба е причина Велигденските празници секој да ги помине по дома. Полицискиот час од петок до вторник, немањето литургии и неможноста да се оди во црква и по роднини ќе ги затвори граѓаните по нивните домови.

За Премиерот Спасовски велигденските празници се причина плус за дружба со семејството. За 24 инфо рече дека секојдневно е посветен на справување со состојбата со Ковид 19.

– Секојдневно сум посветен на борбата со ковид 19. И од работа одам дома во Куманово и времето го поминувам со моето семејство.
Претстојните Велигденски празници ке ги поминам дома со моето семејство како што налага состојбата. Секако и за време на празникот ќе има одредени работни активности- вели Спасовски.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави