Метју Палмер, заменик на државниот секретар и специјален преставник на САД за земјите од Западен Балкан по повод поддршката и помошта од Кина и Русија испратени на Србија во битката со коронавирусот вели дека ова не е време за натпреварување и популарност и дека секоја помош е значајна.
-Ако Кина и Русија можат да и помогнат на Србија и другите земји од Западен Балкан тоа е убава работа. Заедно ќе го победиме коранвирусот а после тоа насекаде би требало да следува укинување на привремените мерки и враќање кон почитувањето на граѓанските слободи – порача Палмер за Радио Глас Америка.
Во разговорот со Палмер кој бил посветен целосно за помошта која САД им ја пружаат на земјите од регионов во борбата против коронавирусот тој додава:
-Земјите од Западен Балкан се во позиција соодветно да одговорат на заканата од коронавирусот, благодарение на САД и другите земји кои вложија многу да се развијат институционалните капацитети на овие земји. Во изминатите 20 години имаме вложено милијарди долари во помош на регионот. Ќе бидат потребни 500 милиони долари да се помогнат земјите ширум светот на кои имаат итни потреби. Дел од тие пари ќе пристигнат и во земјите од Западен Балкан. Тие ќе се слеат во системите чија изградба и зајакнување САД ги помагале со години – вели претставникот на САД за Балканот.