Индиските власти најавија олеснување на некои рестриктивни мерки од 20 април заради рестартирање на производството и земјоделството во сиромашните, рурални области.
Покрај тоа, Владата на Индија денеска соопшти дека во руралните области ќе се одобри изградба на патишта и згради и ќе биде дозволен сообраќај помеѓу индиските држави и провинциите.
Овие информации доаѓаат од Владата на Индија само еден ден по објавата на премиерот Нарендра Моди дека вонредната состојба ќе биде продолжена до 3 мај.
Во препораките на Владата се најавува обновување на производството на јаглен, минерали, нафтени деривати, компјутерски хардвер, храна и амбалажа.