Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија денеска соопшти дека ги поддржува и почитува сите мерки што ги презема Владата за заштита од коронавирусот, но предлага да се продолжи времето на пензионерите, кога ќе можат да излегуваат во текот на денот, за уште еден час.
Според Здружението, мерката пензионерите во текот на денот да имаат на располагање само два часа предизвикала голем број реакции и барања да се разгледа можноста за продолжување на оваа време за уште еден час и тоа би било оптимално време, за кое тие, како возрасна поулација би си ги завршиле неопходните обврски и потреби, а продолжувањето, како што наведуваат во соопштение, е особено значајно за жителите од руралните средини.
-Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија ги поддржува и почитува сите мерки што ги презема Владата во услови на пандемија заради коронавирусот за заштита на сите граѓани во државата, а особена благодарност изразува до вработените во мaркeтите и на сите други за помошта што се дава на пензионерите како сензитивна и ризична популација, истакна претседателката на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, Станка Трајкова