Британскиот воен ветеран Том Мур, од Кигли, Јоркшир, успеа да собере повеќе од 4 милиони фунти (4,6 милиони евра) за Националната здравствена служба NHS и го стори тоа со шетање во неговата градина.
На почетокот ги повикал сите да донираат , а тој да шета и планирал да собере само 1.000 фунти. Но, откако ја започнал кампања на 8 април и собрал неверојатни 70.000 фунти во првите 24 часа, одлучил да продолжи и до утрото наутро собрал неверојатни 1 милион фунти. До рано вечерта, бројките се искачија на три милиони.
WWII veteran Captain Tom Moore has raised more than £2.5m for the NHS in his fundraiser bid to fight against coronavirus. The 99-year-old is aiming to complete 100 lengths of his garden before he turns 100 at the end of April https://t.co/sAGVQLoAGL pic.twitter.com/7MzcRTnB9h
— ITV News (@itvnews) April 14, 2020
Сите пари собрани од Мур ќе бидат донирани на Фондацијата NHS Charities Together за да се купат медицински пакети и да обезбедат центри за релаксација, како и електронски уреди за пациентите за да можат да комуницираат со нивните семејства во изолација.