Една 106-годишна жена, за која се верува дека е најстариот пациент со коронавирус во Велика Британија, е испишана од болницата, а беше поздравена со аплауз од здравствените работници.
Според „Ројтерс“, Кони Тичен од Бирмингем, која се лекувала помалку од три недели, била примена во болница кон средината на март под сомнение за пневмонија.
„Среќна сум што го победив вирусот. Не можам да дочекам да го видам моето семејство“, рече Тичен.
Таа е родена во септември 1913 година и ги преживеала двете светски војни.