Кинеските власти денес регистрирале 46 нови случаи на коронавирус, од кои 34 се патници од странство.
Од 12-те „домашни“ случаи, три се регистрирани во Пекинг и четири на североистокот на земјата, во областа Хелонгџианг, на границата со Русија.
Според официјалните бројки, во Кина од декември лани потврдени се 82.341 случаи, а починале 3.342 пациенти.