Според најавата на Виктор Монтаљани потпретседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) кој е и прв човек на КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка) репрезентативните натпревари ќе продолжат да се играат од 2021 година.
Со оваа негова изјава го најави новото одложување и на разигрувањето од Лигата на нации за пласман на ЕП-2020, кое поради пандемијата од коронавирусот е пролонгирана за 2021 година. Со играњето на овие натпревари е засеганата и амкедонската фудбалска репрезенатција која треба да игра полуфинален меч од Д сегментот во ЛН против Косово, а околку го мине соседот ќе игра и финале со подобриот од дуелот Белорусија – Грузија за историски пласман на јубилејното ЕП кое ќе се одржи во 2021 година во 12 градови на стариот континент.
Македонија и Косово според регуларниот натпреаврувачки календар требаше да се соочат во Скопје на 26. март, но нападна коронавирусот па беше поместен за 4. јуни, за да потоа следуваше и ново пролонгирање без конкретен датум, за играње во септември или октомври.
Според потпретседателот на ФИФА услови за репрезентативни натпревари нема да има до крајот на оваа календарска година.
-Мислам дека сега не е време за репрезентативни натпревари, ризокот е навистина голем со патувањата. Освен тоа, приоритет се националните првенства, засега нема ниту приближно добри услови за такво нешто. Најдобро е сите натпревари на репрезентациите да се откажат до 2021 година, а потоа да се најде термин кога тие ќе се одиграат. Најавените термин за одигрување на репрезентативни натпреаври во септември, октомври и ноември можат да се искористат за други активности, изјави Монтаљани.