Пред 12 дена Мицкоски ја заплашуваше јавноста дека јавното здравство и лекарските тимови имаат само уште 100 теста за корона вирусот и дека за ден до два здравствените институции ќе снемаат тестови и пациентите ќе бидат оставени непроверени и нетестирани.
За волја на вистината, во изминатите 12 дена, откако Мицкоски очајно се обиде да создаде паника кај граѓаните, јавното здравство спроведе приближно 4.000 тестирања за коронавирусот.
Оваа бројка на спроведени тестови во последните две седмици, или вкупно 10.000 тестови од почетокот на кризата, ја прави нашата држава лидер во регионот во бројката на тестирани пациенти. Ова се статистички бројки против кои не може да се спротивстават ниту најгрубите лажни вести на ВМРО ДПМНЕ.
Граѓаните да останат смирени, здравствените власти продолжуваат со континуирана набавка на тестови за корона и заштитна опрема за успешно справување со пандемијата од коронавирусот.
Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ уште на почетокот на кризата демонстрираа деструктивно, неодговорно и несолидарно однесување и така продолжуваат и денес.
Уште еднаш се покажа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ освен лаги и деструкција за ништо друго и не знаат.